Се огласил Песков: Открил која е разликата меѓу Украина и Финска и Шведска

Точка

16/05/2022

17:54

2.796

Големина на фонт

а а а

Потенцијалниот прием на Украина во НАТО би можел да доведе до ситуација во која Русија би имала територијален спор со држава членка на Алијансата, изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„За разлика од Украина, Финска и Шведска немаат територијални спорови со Русија“, рекол Песков откако двете земји ги објавиле своите планови да поднесат кандидатура за приклучување кон НАТО на 15-ти мај.

Потсетуваме, денеска се огласил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков по повод приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО.


„Кремљ е загрижен по повод одлуката на Финска и Шведска да се приклучат кон НАТО“, рекол Песков.

Киев ја потврдил својата намера да се приклучи кон алијансата во уставните амандмани кои ги усвоил парламентот на земјата пред неколку години. Самиот НАТО прв пат најавил интерес за прием на Украина во своите редови во 2008-ма година, иако повеќе пати го одложувал почетокот на процесот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг