Откако ја претставуваше Италија на Евровизија со песната „Soldi“ во 2019 година, Махмуд годинава се врати со „зајакнување“ – раперот Бланко, а многумина веруваат дека нивната песна е за хомосексуална врска.
Алесандро Махмуд (29), италијански пејач и рапер кој ни се претстави со песната „Soldi“ во 2019 година во Тел Авив, повторно ќе ја претставува својата земја на Евровизија.
Тој во Торино ќе настапи во големото финале на 14 мај, заедно со раперот Бланко (19), а нивната песна го носи насловот „Brividi“.
Веднаш откако Махмуд и Бланко победија на 72-то издание на Сан Ремо и се пласираа на Евровизија, го добија прашањето дали тие пеат за љубовта, на што одговориле:
„Никогаш не го споменуваме зборот љубов, не е сè само за љубовта. Тоа е потреба да се впуштите во нешто и да ризикувате, наместо за љубов, песната е за паѓањето во мрак, а главната тема е непријатнoста кога не сте 100 отсто прифатени“.
На прашањето од новинарите од магазинот „Grazia“, како реагираат на коментарите дека нивната песна зборува за љубовта меѓу двајца мажи, Махмуд вели:

„Сакаме да донесеме универзална слобода, да бидеме слободни да изразиме било каков вид на љубов. Не сакаме да се лажеме во љубовта, сакаме да имаме слобода“.
Инаку, откако Махмуд се појави на сцена, се шпекулира дека тој има склоност кон истиот пол, но тој одбива да се декларира како таков и вели дека е „среќен и зафатен“. Како што пејачот во една прилика истакнал, тој има аверзија кон категоризација на луѓето во состав со националноста и сексуалноста.
„Тоа што би кажал: jaс сум геј, не води никаде“, изјавил Махмуд своевремено.

Меѓутоа, Махмуд е отворен да зборува во корист на предложениот закон кон хомофобија и трансфобија, а тогаш се присетил дека како дете трпел врсничко насилство мотивирано од хомофобија.
Без оглед на тоа дали Махмуд сака мажи или жени, едно е сигурно – евровизиските фанови одвај чекааат да го видат настапот на Италија во големото финале на 14 мај (сабота).









