Најдобрата „фотографија од НЛО“ реставрирана по 50 години: Металниот диск над Костарика останува мистерија...

Точка

12/05/2022

11:27

49.658

Големина на фонт

а а а

Фотографијата од НЛО над Костарика, забележана била во 1971 година, а сега е повторно пред очите на јавноста, но во поголема резолуција.

Фотографијата ја направил картографот Серџо Лојзов кој го надлетал маркираното подрачје за потребите на хидроелектраните.

Воочен една деценија подоцна

Фотографијата настанала над езерото Коте на висина од 3.000 километри.

Неидентификуваниот летечки објект бил воочен дури една деценија подоцна, кога повторно била прегледана фотографијата поради потребите на некој друг проект.


На фотографијата се гледа метален диск, осветлен од сончевата светлина, а како што се проценува истиот бил со пречник меѓу 36 и 67 метри.

Со текот на времето оваа фотографија била наречена „најдобрата фотографија на НЛО некогаш“, пренесува британски „Metro“.

Никогаш не била оспорена

Бројни НЛО истражувачи ја анализирале фотографијата на Лојзов во изминатите децении, но не можеле да ја оспорат.

Утврдено било дека металниот диск не е вештачки вметнат, односно дека е резултат на дупла експлозија или пак фалсификат.

Половина век подоцна, имаме можност да ја видиме фотографијата во поголема резолуција, а прашањето е дали мистеријата некогаш ќе биде решена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг