Раѓа во војна со Ражнатовиќ на тема АБА лига: Мислат само на своите приватни интереси

Дерби

09/05/2022

11:59

10.399

Големина на фонт

а а а

Хрватската кошаркарска легенда Дино Раѓа не го крие разочарувањето од АБА лигата, па неодамна потврди дека хрватската федерација уште еднаш им препорачала на клубовите да го напуштат регионалното натпреварување и да се насочат на други турнири.

Ваквата одлука на Хрватите доаѓа поради резултатите на нивните клубови изминатите сезони, односно ставот дека АБА лигата станала полигон на српските клубови кои на тој начин си ги оправдуваат странските засилувања.

На најпознатиот кошаркарски менаџер во регионот, Мишко Ражнатовиќ, не му се допаднале изјавите на Раѓа, па тој јавно им порача на хрватските клубови дека лично ќе се погрижи сите големи таленти да заминат во други земји.

– Таа изјава е доказ дека приватните интереси се приоритет, а не развојот на кошарката.

– Данко Бранковиќ летоска ќе биде слободен играч, ќе ја напушти Цибона. Кој е негов менаџер? Мишко Ражнатовиќ. Што ќе добие од тоа хрватската кошарка? Ништо. Што ќе добие Цибона која работела со Бранковиќ со години? Ништо, благодарам, довидување.

– Работата на менаџерот е да работи за играчот, а тука играчите работат за менаџерите. Се надевам дека ќе се најде некој паметен и ќе му каже на менаџерот „слушај, не сакам да ја напуштам Цибона“, – рекол Раѓа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг