Магдоносот е медитеранска зачинска билка која поради зелените листови и свежиот вкус игра голема улога во многу јадења.
Магдоносот е познат како растение кое поттикнува излачување на течности од организмот, така што е многу корисен за здравјето на бубрезите и уринарниот тракт.
Традиционалната медицина го препорачува чајот од магдонос при лекување артритис, гихт, бубрежни болести, за прочистување на уринарните патишта, но и за лекување гастритис. Често се наоѓа и како составен дел од чаеви за лекување жолтица и други компликации настанати поради проблеми со црниот дроб.
Покрај тоа што излачува течности, чајот од магдонос поттикнува и излачување соли во организмот, па влијае на намалување на високиот крвен притисок. Од слични причини може да помогне во борба против вишокот килограми и ја зголемува еластичноста на крвните садови, што го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести.
Листовите од магдонос се исклучителен извор на витамин Ц, па добро е да се консумираат и во свеж облик. Свежиот магдонос го регулира варењето и ги исфрла токсините од телото.
Чајот од магдонос се подготвува така што ситно се сецка коренот од магдонос (околу 15 грама), а потоа се додава во 200 мл. зовриена вода и се вари околу 5 минути. По 15 минути се процедува, а потребно е да се пијат 2-3 шолји во текот на денот.