Брачен пар уредил базен кој бил недопрен 20 години – на дното имал сопствен екосистем како езеро

Точка

05/05/2022

21:06

67.811

Големина на фонт

а а а

Реновирањето на домот е долготрајна задача, а кога со куќата „во пакет“ оди и базен кој бил некористен две децении, тогаш реновирањето станува уште попредизвикувачко.

Базенот којшто со години бил валкан сега блеска и е вистинско место за уживање.

Откако се вселиле во својата нова куќа, брачниот пар Сабрина и Ендру од Онтарио во Канада имале што да видат во својот двор – базен кој не бил користен 20 години.


„Базенот беше покриен со церада и во текот на годините се полнел со дожд и отпад, што довело на дното да развие сопствен екосистем, како езеро. Почнавме со реновирањето на куќата оној ден кога ги добивме клучевите.

Го завршивме речиси целиот главен кат, а потоа собравме храброст да го реновираме базенот. Кога ја купивме куќата од првиот сопственик дознавме дека ќе имаме многу работа околу обновувањето на базенот за истиот повторно да биде функционален“, изјавила Сабрина за „Jam Press“.


Соседите им рекле дека поминале околу 20 години откако базенот последен пат бил користен поради што сакале да ангажираат професионалци за негово реновирање.

Се обратиле до локалните компании специјализирани за базени, но не добиле одговор поради големата побарувачка.


Не знаеле ниту дали структурата на базенот воопшто може да се спаси додека не ја тргнале церадата која толку години стоела над него.

На крајот одлучиле да се обидат сами да го обноват, а процесот на реновирање го објавиле во вид на видеа на ТикТок кои добиле над 20 милиони прегледи.


Кога ја извадиле церадата, штетата била голема, но сепак успеале да го исчистат и да го наполнат со вода.

Комплетното реновирање на базенот траело околу еден месец, а истото чинело околу 20.020 долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг