Не ви е потребен ѕид: 12 идеи за трансформација на просторот со помош на собни прегради

Точка

03/05/2022

16:27

65.264

Големина на фонт

а а а

Потребата од пренамена на одредени простории во домот или едноставно желбата подобро да го искористите просторот кој го имате на располагање е многу изразена во последните 2 години, особено кај луѓето кои имаат мал животен простор.

На пример, собните прегради беа еден од најбараните елементи кога станува збор за уредување на домот. Сосема логично, имајќи предвид дека станува збор за многу едноставен и често евтин начин како визуелно да претворите една соба во две без поголеми градежни работи.

Во зависност од тоа каков ефект сакате да постигнете и кој е вашиот приоритет, собната преграда може да биде чисто декоративна, а може да има и функционална улога.


Ако во дневната соба имате и трпезариска маса, со поставување на помала преграда можете да го одвоите трпезарискиот дел од простороти и со тоа да ја направите дневната соба поинтимна.

Истото важи и за спалната соба во која можете да направите мало работно катче.

Во продолжение, погледнете разни видови собни прегради и идеи како да ги искористите класичните парчиња мебел за преградување:




Спонзорирани линкови

Маркетинг