Погледнете што снимил дронот во Мариупол: Челичаната Азовстал под целосна контрола на Русите и Чеченците

Точка

30/04/2022

23:22

13.998

Големина на фонт

а а а

Индустриската зона и челичаната Азовстал во Мариупол се под целосна контрола на руските сили откако денеска комплексот на челичаната го напуштиле 25 луѓе, меѓу кои и шест деца.

Од северниот дел индустриската зона ја контролираат и набљудуваат со помош на дронови, што може да се види на снимката од северниот дел на челичната каде е забележано прегрупирање на украинските сили.

„Сите движења на националистите се контролирани“, наведува руската страна.

Секој ден во текот на денот владе едностран режим на тишина и преговорите се во тек. Оние кои се наоѓаат на територијата на индустриската зона можат безбедно да излезат и да се предадат.

Членовите на Азов го користат затишјето за да префрлат резерви, муниција и да ги прегрупираат борците на површината на индустриската зона, во време додека на руските трупи им е забрането да отвораат оган.



Спонзорирани линкови

Маркетинг