Сијарто: И други плаќаат за рускиот гас во рубљи, но не зборуваат отворено за тоа

Макфакс

30/04/2022

13:43

4.143

Големина на фонт

а а а

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека повеќето западноевропски компании кои увезуваат гас во ЕУ го плаќаат рускиот природен гас во рубљљи, во согласност со барањата на Русија и добавувачите.

„Не е точно дека другите го отфрлија ова, тие се само помалку отворени по однос на ова прашање“, рече Сијарто, апелирајќи до медиумите да не зборуваат за тоа дека Унгарија ја нарушува заедничката европска позиција со тоа што се согласи на таква трансакција.

Компаниите кои увезуваат природен гас од Русија отвораат сметки во „Гаспромбанк“, што не е предмет на санкции, рече Сијарто за време на посетата на унгарското малцинство во Словенија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг