(Видео) „Азов“ објави снимка: Русите цела ноќ фрлаа тешки бомби врз импровизирана болница во „Азовстал“

Макфакс

29/04/2022

12:47

6.757

Големина на фонт

а а а

Видео објавено од полкот „Азов“ наводно ги прикажува последиците од руски напад врз импровизирана болница во фабриката „Азовстал“ во Мариупол.

Во твитот се вели: „Внимание! Цела ноќ во воено-полската болница, која се наоѓа во кругот на фабриката ‘Азовстал’ во Мариупол и каде се наоѓаат ранетите бранители, Русите масовно фрлаа тешки бомби способни да пробијат каква било бетонска одбранбена структура“.

Каналот „Скај њуз“, кој го пренесе видеото, не бил во можност независно да ги потврди овие тврдења.

Видеото што го објави „Азов“ прикажува драматични сцени. Според она што „Азов“ го објави, на снимката се гледаат ранетите внатре во „Азовстал“.

Заедно со многубројните војници, според тврдењата, во бункерите на фабриката има и околу 1.000 цивили.

Агенцијата „Ројтерс“ пренесе соопштение од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, според кое за денеска е планирана операција за евакуација на цивили од фабриката за челик во Мариупол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг