Киев: За денеска е планирана евакуација на цивили од Азовстал

Макфакс

29/04/2022

11:11

2.330

Големина на фонт

а а а

Украина се надева дека денеска ќе ги евакуира цивилите од фабриката за челик во Мариупол.

За денеска е планирана операција за евакуација на цивили од фабриката Азовстал, соопшти кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски, пренесува Ројтерс.

Агенцијата додава дека Украина се надева дека ќе ги евакуира цивилите кои денеска се со украинските борци во огромната фабрика за челик Азовстал во јужниот град Мариупол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг