Песков: Цивилите можат да напуштат Азовстал, милитантите да го положат оружјето

Макфакс

29/04/2022

09:51

2.363

Големина на фонт

а а а

Цивилите можат да излезат и да одат каде сакаат, милитантите мора да го положат оружјето па да излезат.

Рускиот претседател Владимир Путин веќе еднаш изјави дека цивилите можат слободно да ја напуштат фабриката за челик Азовстал, додека милитантите мора да го положат оружјето, изјави синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков реагираше на изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека Киев е подготвен за итни преговори за евакуација на луѓето од „Азовстал“ во Мариупол, пренесува агенцијата ТАСС.



Спонзорирани линкови

Маркетинг