ЕУ: Плаќањето во рубљи е заобиколување на санкциите

Макфакс

28/04/2022

16:27

1.469

Големина на фонт

а а а

Плаќањето за гас според рускиот декрет, преку две сметки, едната во евра, а другата во рубљи, ги заобиколува санкциите на ЕУ наметнати за Русија, изјави висок претставник на ЕУ.

Русија донесе декрет со кој се бара од европските компании кои купуваат гас од „Гаспром“ да отворат една сметка во евра, а друга во рубљи. Русија смета дека исплатата е извршена дури откако еврата ќе се претворат во рубљи.

Висок функционер на ЕУ, кој побарал да остане анонимен, вели дека за ЕУ ​​не е спорно што европска компанија за гас отвора сметка во Русија во евра, но отворањето на друга сметка кај „Гаспромбанк“ во рубљи би било заобиколување на санкциите.

Претворањето на еврата во рубли се врши преку руската централна банка, која е под санкции на ЕУ и секоја трансакција со неа е заобиколување на санкциите, рекол претставникот.

„Имаме информации дека средствата платени во евра одат во руската централна банка, која потоа ги менува во рубљи, но без никакво временско ограничување. Тоа значи дека европската компанија која уплатила на некој начин ја кредитира руската централна банка“, вели изворот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг