Полска бара да се казнат земјите што плаќаат руски гас во рубљи

Макфакс

28/04/2022

13:27

2.890

Големина на фонт

а а а

Европската Унија треба да ги казни земјите што плаќаат руски гас во рубљи, рече полскиот министер за клима по одлуката на Москва еден ден претходно да го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија, кои одбија да платат во руска валута.

Се чини дека членките на ЕУ се поделени за тоа како да се плати за гас, без да се прекршат европските санкции наметнати на Русија по инвазијата на Украина на 24 февруари.

Многу европски земји зависат од рускиот гас, но Полска, најжестокиот поддржувач на острите санкции против Русија, вели дека ЕУ треба целосно да го забрани купувањето на руски гас.

„Она што недостига денес се целосни санкции за гасот, со што би се решил проблемот со ‘Газпром’“, вели Ана Москва истакнувајќи дека проблемот е што санкциите не се почитуваат 100 отсто.

Таа ги наведе Австрија, Германија и Унгарија како главни членки на ЕУ што се противат на построги санкции за рускиот гас.

„Сметаме дека тоа ќе биде последица за оние земји што плаќаат во рубљи и дека како резултат на тоа ќе престанат да плаќаат во руска валута“, рече Москва. Таа не прецизира какви казнени мерки очекува Полска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг