Кремљ: Го исклучуваме гасот поради невиденото непријателство кон Русија

Макфакс

27/04/2022

17:58

2.710

Големина на фонт

а а а

Прекинот на испораката на руски гас за Бугарија и Полска бидејќи не платиле во рубљи, како што се бара, е последица на невидени непријателски дејствија против Русија, соопшти денеска Кремљ.

„Поставените услови се дел од новиот начин на плаќање, разработен по невидените непријателски дејствија на економско и финансиско поле, по руската офанзива во Украина“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ова не е уцена“, додаде Песков, реагирајќи на обвинувањата од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека Русија ќе прифати плаќање за испорачаниот гас исклучиво во рубли, како одговор на санкциите воведени за казнување на воената кампања на Кремљ во Украина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг