Австрија прифаќа плаќање на гас во рубљи! Нехамер открил што му рекол рускиот претседател

Точка

27/04/2022

17:48

4.285

Големина на фонт

а а а

Австрискиот канцелар Карл Нехамер соопштил дека Австрија ги прифатила новите руски услови за плаќање на гас. Тој додал и дека од рускиот претседател Владимир Путин добил гаранции дека нема да има проблеми во испораката на гас, така што ситуацијата за Австрија е непроменета.

„Ние, „OMV“, ги прифативме условите за плаќање, а истото го направија и во Германија. Ова е важно за нас и Путин во текот на нашиот разговор лично ме увери дека ќе испораката на гас ќе продолжи, а дека ќе може да се плаќа и во евра. Нашата ситуација е непроменета“, истакнал канцеларот.

Истовремено, австриската министерка за енергетика Леонора Гевеслер потврдила дека испораката на гас во Австрија се одвива непречено.


„Во текот на минатите денови испораката на гас се одвива непречено, а исто така ни моментално нема проблеми во снабдувањето со гас“, изјавила Геверслер на прес конференција во Виена.

Министерката истакнала дека пополнетоста на капацитетите во гасните складишта во Австрија е невозможно да се одржи без испорака од Русија.


Како што претходно објавила руската компанија „Газпром“, испораката на гас е целосно сопрена за бугарската компанија „Булгаргас“ и за полската компанија „ПГНиГ“ поради неплаќање во рубљи.

Истовремено, испораката на гас во Унгарија, како што е соопштено од Министерството за надворешни работи на таа земја, се одвива непречено.




Спонзорирани линкови

Маркетинг