Бугарија: Русите ни ја прекинаа испораката на гас, а плативме за април

Точка

27/04/2022

12:08

10.957

Големина на фонт

а а а

Пристигна и реакција од Бугарија, на која исто така, како што објавил „Газпром“ и е прекината испораката на гас.

Бугарија вели дека веќе во целост ја платила испораката на гас во април и го обвинила „Газпром“ за кршење на договорот.

„Во овој момент гасот веќе се користи како политички и економско оружје во моменталната војна“, рекол бугарскиот министер за енергетика Александар Николов.


Додал дека Бугарија ги следи одлуките на ЕУ и не попушта пред руските барања да плаќа за гас во рубљи.

Потсетуваме, руски „Газпром“ утрово објавил дека и за Полска и за Бугарија е прекината испораката на гас откако тие земји одбиле да плаќаат во рубљи.

Петков за одлуката на „Гаспром“: Ова е еднострана уцена на Москва

Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека одлуката на Русија за прекин на испораката на гас за Бугарија е уцена и дека Софија ги разгледува сите договори со „Гаспром“, вклучително и транзитот на руски гас за Србија и Унгарија.

„Предупредувањето на Русија да ја прекине испораката на гас за Бугарија поради барање за промена на шемата за плаќање е сериозно кршење на постоечкиот договор и претставува уцена“, рече Петков.

Петков изјави дека разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која го уверила дека 27-члениот блок ќе има заеднички одговор на дејствијата на Русија.


Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ утринава објави дека целосно ја прекинал испораката на гас за Бугарија и Полска бидејќи тие одбиле да исплатат во рубљи за гасот што им бил доставен во април.

За одлуката на „Гаспром“ претходно денеска зборуваше и бугарскиот министер за енергетика Александар Николов, кој на новинарите им рече дека Софија ги платила сите количини на гас за април и дека руската компанија ќе го прекрши сегашниот договор доколку го запре протокот на гас.

Според него, Софија наскоро ќе знае дали гасот што се добива преку Турција ќе биде прекинат, рече Николов.

Тој нагласи дека Бугарија, членка на ЕУ и НАТО, ќе го почитува ставот на Европската комисија, која ги повикува земјите да не плаќаат руски гас во рубљи, што, како што вели, го бара рускиот претседател Владимир Путин.

Бугарија исполнува повеќе од 90 отсто од потребите за снабдување со гас од Русија според долгорочниот договор кој истекува кон крајот на оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг