„Газпром“: Ги прекинавме сите испораки на гас за Полска и Бугарија

Макфакс

27/04/2022

08:54

2.008

Големина на фонт

а а а

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ тврди дека ги прекинал сите испораки на гас и за Бугарија и за Полска, откако двете земји одбија да почнат да плаќаат за испораките во рубли.

Претходно, и полските и бугарските добавувачи на гас соопштија дека добиле официјални известувања од „Газпром“ дека испораките ќе бидат прекинати.

Соопштението на „Газпром“ дојде по конфузијата утринава. Имено, податоците прво покажаа дека испораките на гас за Полска преку Белорусија паднале на нула, а потоа дека продолжиле.

Бугарската гасоводна мрежа, исто така, соопшти дека земјата добива руски гас од утринава.

Не е јасно колку руски гас пристигнува и колку време ќе потрае



Спонзорирани линкови

Маркетинг