Бугарија веќе нема да добива гас од Газпром

Точка

27/04/2022

07:12

8.321

Големина на фонт

а а а

Газпром ја известил Бугарија дека ќе го прекине испорачувањето на гас во оваа држава, пренесува бугарска "ТВ Нова".

Според соопштенијата на надлежните министерства кои ги цитира НОВА, одлуката за прекинот е доставена до нив по што се известени и премиерот и владата.

Прекинот е поради неприфаќање на руската одлука гасот да се плаќа во рубљи наместо во долари и евра.


Властите во Бугарија оцениле дека плаќањето во рубљи е спротивно на договорот потпишан со Газпром и е ризичен потег.

Софија тврди дека вакво сценарио било разгледувано од февруари и почетокот на војната во Украина и дека државата се подготвувала и за прекин на испорака на гас.

Бугарија е втора земја по Полска која нема да добива руски гас.




Спонзорирани линкови

Маркетинг