Погледнете во внатрешноста на челичаната во Мариупол која очајнички ја сака Владимир Путин

Точка

26/04/2022

12:04

17.128

Големина на фонт

а а а

„Подготвени сме да го напуштиме градот бидејќи не остана ништо што може да се одбрани. Сметаме дека ја исполнивме нашата мисија, но ќе продолжиме да ја браниме челичаната се додека не добиеме наредба за повлекување. А ако ја напуштиме, ќе ја напуштиме со оружје“, рекол Паламар.

Челичаната Азовстал во Мариупол пред војната била една од најголемите фабрики во Европа. Меѓутоа, денеска е симбол на отпорот кој го пружаат украинските сили и полкот на Азов се смета за последниот бастион на одбрана на тој град. Бројни жители на Мариупол спас од воздушните напад побарале токму во челичната, а се верува дека таму ги има околу илјада. Меѓутоа, никој со сигурност не знае колку точно луѓе има таму.

Украинските службеници во повеќе наврати ја повикале Русија на специјални мировни преговори на кои би се преговарало за евакуација на цивили и војници од челичаната. Меѓутоа, до сега тоа не се случило. Русија во понеделникот наутро објавила дека ќе ги сопре нападите на челичаната од 14 часот по локално време за да овозможи евакуација на цивили.

Азов објавил фотографии од животот во челичаната. Не е познато кога се направени.


Симбол на отпорот

„Украинските сили се подготвени да ја напуштат фабриката и да го евакуираат градот ако добијат гаранции за сигурен премин за војници и за стотина цивили“, рекол капетанот Свјатослав Паламар, заменик командант на Азов во саботата за "New York Times".

„Подготвени сме да го напуштиме градот бидејќи не остана ништо што може да се одбрани. Сметаме ја исполнивме нашата мисија, но ќе продолжиме да ја браниме челичаната се додека не добиеме наредба за повлекување. А ако ја напуштиме, ќе ја напуштиме со оружје“, рекол Паламар.

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот наредил да се сопре нападот на челичаната и повикал на блокада. Борбите продолжиле, што дополнително ги отповарува руските сили кои се подготвуваат за продолжување на клучната офанзива во источна Украина.


Одбраната на челичаната и Мариупол се неочекуван симбол на отпорот на укранските сили наспроти значително помоќниот и поброен непријател. Речиси два месеци релативно мал број на борци ги издржале постојаните напади од копно, море и воздух, а руските сили не успеале да влезат на територијата на фабриката. Палмар и другите војници за "New York Times" изјавиле дека им снемува муниција, но тоа што е полошо е дека на војниците и цивилите им недостасува храна и вода.

Освојувањето на Мариупол би било голема стратешка победа на Русија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг