Сончево и топло време со температури до 28 степени

Макфакс

26/04/2022

10:31

1.701

Големина на фонт

а а а

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Попладне во североисточните делови ќе има локално зголемување на облачноста проследено со краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 26 степени.

Утре ќе се задржи сончево и топло време. Од четврток облачноста повремено ќе се зголемува, ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали за неколку степени. Главно во планинските региони ќе има услови за локaлeн дожд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг