Илон Маск: Од "грдо пајче" до милијардер кој ги заведува најубавите жени на светот

Точка

26/04/2022

22:15

34.423

Големина на фонт

а а а

Илон Маск, сопственик на "Tesla Motors" и "SpaceX", и најбогат човек на светот, ја купил социјалната мрежа "Twitter" за 44 милијарди долари.

Иако во јавноста делува дека милијардерот ниже само успеси, тука имало и многу промашувања. Пред да стане познат ширум светот, тој и натаму ја барал вистинската работа.

Според приказната на Џими Хамерли, потпретседател на компанијата "Netscape Communications" од 1995-та до 2001-ва година, Илон Маск се пријавил за едно новоотворено работно место. Неговото "CV" не воодушевило никого, а бидејќи не добил одговор, Маск одлучил да се појави во компанијата и да види во што е проблемот. Но, бил пресрамежлив кога некој нешто ќе го прашал, а потоа си заминал.

Потоа ја основал својата компанија "Zip2", која во 1999-та година била вброена во најлоши бизнис идеи. Но Маск последен се смеел. Од продажбата на компанијата "Compaq", Маск заработи 22 милиони долари, а половина од таа сума вложил во основањето на "PayPal".

Кога работите во "PayPal" "тргнале", се покажало дека компанијата е полна со проблеми, а нејзиниот одбор одлучил се да реши со отстранување на Маск од чело на компанијата. И тука тој последен се смеел: Со продажбата на компанијата во 2002-ра година, добил 165 милиони долари.

Некако во тоа време се појавил во документарец за млади милионери со тогашната свршеничка, а подоцна и сопруга Џастин. Како што може да се види, младиот Маск имал помалку коса од денешниот Маск.

Сам рекол дека 2008-ма година му била најлоша во животот. "Tesla" и "SpaceX" биле на работ на банкрот.

Пандемијата, пак, го однела на првото место на листата на најбогати луѓе на светот. Како што објавил "Forbes", ниеден милијардер немал повеќе корист од пандемијата од Маск, кој 2020-та година ја започнал со нето вредност од 26,6 милијарди долари. Неговата нето вредност оваа година била 282 милијарди долари.

Дали купувањето на "Twitter" ќе биде погодок или промашување, ќе покаже времето.

Трансформацијата на Елон Маск од почетокот до денес погледнете ја во приложеното видео.



Спонзорирани линкови

Маркетинг