Пристигна пораката од „Ред Бул“: Хамилтон, требаше да се пензионираш лани – сакаше да го „сруши“ Шумахер, сега се бламира

Точка

25/04/2022

16:55

65.775

Големина на фонт

а а а

Британскиот возач Луис Хамилтон никако не може да биде задоволен со досегашниот тек на новата сезона во Формула 1.

Од „Ред Бул“ пристигнува порака со која тврдат дека Хамилтон требало да се пензионира.

Шефот на екипата на „Мерцедес“ Тото Волф, му се извинуваше на Хамилтон поради очајниот болид сезонава поради кој повторно оствари лош резултат – беше дури 13-ти во Италија.

Сите во „Мерцедес“ се свесни дека болидот на Хамилтон има недостатоци, а тие прават сè за до го оспособат за Хамилтон да има шанса да се бори за шампионската титула во Формула 1 поради тоа што во овој момент Макс Ферстапен е побрз од него цел еден круг, што самото по себе е понижувачко.

Минатата сезона тие двајца ја водеа големата битка која беше решена во последниот круг во трката во Абу Даби кога Ферстапен со многу контроверзии прв помина низ целната линија, а Хамилтон поради сето тоа сакаше да се откаже од тркањето.


Сепак Хамилтон се врати за да се обиде да дојде до осмата шампионска титула со која би го престигнал легендарниот Михаел Шумахер.

Сè поизвесно е дека тоа нема да се случи сезонава, Леклер и Ферстапен, односно Саинц, Перез и Норис делуваат поподготвени на патеката, па дури и клупскиот колега Расел е подобар од Хамилтон.

По трката во Имола за Хамилтон зборувал и Хелмут Марко, советник на „Ред Бул“.

„Можеби требаше да се откаже минатата година“, изјавил советникот на „Ред Бул“ и порачал дека сигурно и Хамилтон си го помислил тоа по слабиот почеток сезонава.

Инаку, во првите четири трки сезонава Хамилтон освои 28 поени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг