(Видео) СОНК продолжува со штрајкот: „Заклучоците на владата не водат кон решавање на несогласувањата“

Макфакс

20/04/2022

17:03

2.374

Големина на фонт

а а а

Штрајкот во образованието ќе продолжи, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков, информирајќи дека Советот на СОНК денеска констатирал оти вчерашните владини заклучоци не водат кон решавање на несогласувањата.

„Советот на СОНК веднаш ќе го прекине штрајкот, доколку Владата, како што вели да се почитуваат законите и тоа бараме ние како Совет, до септември, односно до изминување на шест месеци од носење на Законот за минимална плата, истата да се усогласи со колективните договори“, рече Неделков.

Тој рече дека се врши силен притисок врз штрајкувачите, оценувајќи дека заплашувањата дека ќе им бидат скратени дневниците во деновите на штрајкувачите, ги сметаат за обид за спречување на штрајкот.    



Спонзорирани линкови

Маркетинг