Голема семејна трагедија му се случи на семејството на Кристијано Роналдо.
Португалецот и неговата сопруга замолија за приватност откако ја објавија веста за смртта на новородениот син. Истовремено, Роналдо потврди дека сè е во ред со девојчето кое е родено.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и неговата девојка Џорџина Родригез претходно објавија дека очекуваат близнаци.
„Со најголема тага известуваме дека нашиот син почина. Ова е најголемата болка која родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче нè исполнува со надеж и радост. Сакаме да им се заблагодариме на докторите и медицинските сестри за сета нивна стручна помош и грижа. Сите сме скршени од тага и замолуваме за приватност во овој тежок момент“.
„Момче наше, ти си нашиот ангел. Засекогаш ќе те сакаме“, порачал Португалецот во објава на социјалните мрежи.
За потсетување, Роналдо има 4 постари деца, синовите Кристијано Јуниор и Матео и ќерките Ева и Алана.