Чешка ќе отвори рекорден долг висечки мост во мај. Мостот „Скајбриџ 721“ на североистокот од земјава на планинарите ќе им овозможи кратенка низ облаците со феноменален поглед на врвовите на планината Кралички Снежник.
Според странските медиуми, станува збор за мост кој е вистинска атракција и се простира на 721 метар меѓу два планински срта, а се наоѓа во близина на одморалиштето Долни Морава и ја премостува долината на Млиничката Долина на височина од 95 метри.
Skybridge 721 е изграден во близина на видиковецот Skywalk, платформа висока 55 метри.