Дронска снимка од пожарот кој ја проголта поранешната фабрика „Треска“

Точка

14/04/2022

16:12

7.045

Големина на фонт

а а а

Денеска неколку минути после 14 часот избувна голем пожар во кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје.

Оваа локација подолг период е во центарот на вниманието на граѓаните на Скопје, поради интересот на инвеститорите да градат станбено-деловни објекти според детален урбанистички план кој не е усогласен со Генералниот урбанистички план на градот.

Огнот зафатил и пластични материјали, дрвја, грмушки и отпад, што го предизвикува густиот црн чад во центарот на Скопје.

Досега нема пријава за повредени лица во пожарот. Полициски екипи се на терен, сообраќајот се пренасочува, а се врши и евакуација на жителите од околните станбени објекти.

Се појави и дронска снимка од пожарот, на која детално се гледа како пожарот однадвор го зафаќа објектот со неверојатна брзина.