Лазаров: Падот на крајот ќе нè држи будни во реваншот

Дерби

14/04/2022

13:54

40.021

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Македонија остана непоразена на гостувањето во Злин кај Чешка во првата бараж средба за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Ние имавме контрола на играта, резултатот скоро низ целиот натпревар, во еден момент водевме и со седум разлика, ама на крајот моравме да се задоволиме со реми од 24-24 пред реваншот во Скопје закажан за в недела во СЦ „Борис Трајковски“.

Селекторот Кире Лазаров жали што не беше крунисана оваа игра со победа, но во исто време е оптимист дека пред своите гледачи ќе можеме да дојдеме до билет за мундијалот.

- Честитки до сите за борбата, мораме да бидиме задоволни од начинот на кој го одигравме натпреварот. Никој не очекуваше дека во еден момент ќе водиме со 17:10. На крајот имавме пад кој ќе не држи будни во реваншот. Знам дека ги изненадивме Чесите, но знам и дека ќе бидат добро подготвени за реваншот. Имаме еден добар, позитивен резултат, но и многу жалам што не победивме барем со еден гол разлика. Тоа го заслуживме. Не знаевме како да го завршиме натпреварот.

- Ова беше тежок дуел, се потрошивме. Ако некој ни го понудеше овој резултат пред натпреварот, ќе го прифатев со две раце, бидејќи имам голема почит кон Чесите како селекција и Сабате како селектор, - истакна нашиот предводник и воедно капитен Лазаров.