Магацините полни со масло за јадење, рафтовите во продавниците празни! Трговците немаат интерес да продаваат без маржа

Точка

13/04/2022

13:38

4.292

Големина на фонт

а а а

Иако надлежните смируваат дека има доволно масло за јадење, сепак граѓаните се скептични до кога ќе траат резервите.

Граѓаните од страв поради економската криза и најавите дека ќе расте цената на маслото за јадење ги испразнија рафтовите.

Иако полиците во маркетите се празни, магацините на велешката „Маслодајна“ се полни со зејтин.

„Имаме доволно залихи на масло за јадење. Ние, како најголем производител од сончоглед, се обезбедивме и не сме зависни од увоз во овој период. Граѓаните не треба да имаат загриженост, ние работиме тековно и ги задоволуваме потребите на пазарот. Секој трговец кој ќе се обрати може да набави масло за јадење, секој ден. Не трчаме да обезбедиме рафинирано масло. Не чекаме Србија или друга држава да дозволи извоз на сурово масло. Без разлика дали ќе се дозволи, ние имаме доволно количини да ги задоволиме потребите на македонскиот пазар“, вели Горан Лазов, генерален директор на „Маслодајна“ за „СДК“.


Сончогледовото масло ќе се увезува без царина. За да нема недостиг на домашниот пазар, Владата донесе одлука наместо 29%, маслото за јадење да влегува во земјата без давачка.

Со ваквата мерка, која ќе трае до 31-ви мај, се очекува и пад на цената за најмалку 20 %. Србија неделава треба да ја тргне забраната за извоз во Македонија, а до тогаш, од Министерството за економија велат дека сончогледово масло ќе се увезува од Бугарија и Турција, како и досега.

Целата вест може да ја прочитате на „СДК“.