Во Словенија пензионерите чии примања се помали од 1.000 евра ќе добијат помош од 150 евра

Макфакс

12/04/2022

12:55

6.358

Големина на фонт

а а а

На оние словенечки пензионери чија пензија во декември минатата година им била помала од 1.000 евра, денеска ќе добијат еднократен т.н. енергетски ваучер вреден 150 евра за да се справат со растечките сметки за енергија.

Солидарниот надоместок, како што се нарекува помошта, е пропишан со законот за итни мерки за ублажување на последиците од високите цени на енергентите од февруари годинава, а ќе го плаќа јавниот пензиски фонд ЗПИЗ (Завод за пензиско и инвалидско осигурување).

Право на помош немаат оние што стекнале право на пензија на 1 јануари 2022 година или подоцна.

Сепак, пензионерите се само една од групите што ќе добијат еднократен т.н. енергетски ваучер.