(Видео) Обожавател сакал да се пресмета со Тајсон, па извадил пиштол - легендарниот боксер ладнокрвно реагирал

Точка

24/03/2022

15:27

68.265

Големина на фонт

а а а

Легендарниот боксер Мајк Тајсон во животот се нашол во мал милион необични ситуации, а една од нив се случила неодамна во Холивуд.

Тајсон посетил еден од клубовите каде се одржуваат стенд ап комедии, а никој не можел да ја предвиди сцената што се случила.

За време на еден од настапите, еден човек се приближил до масата на која седел Тајсон и го повикал на тепачка за да си го „крене рејтингот“.

Тајсон не реагирал, а потоа сопственикот на клубот пришол да го тргне непоканетиот гостин од боксерската ѕвезда.

Но, момчето потоа извадило пиштол, но дури и тогаш Тајсон не се мрднал од столот.

Набрзо ситуацијата се смирила, а потоа момчето објаснило дека само се шегува и дека е голем фан на Тајсон.

„Те сакам, човече. Честитки за твоите достигнувања, да не беше ти никој од нас немаше да има инспирација“, му рекол обожавателот, по што Тајсон станал и го прегрнал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг