Сопругата му почина пред неколку дена, но ќе игра ракомет денеска против Македонија

Макфакс

19/03/2022

13:25

22.306

Големина на фонт

а а а

Ракометната репрезентација на Романија има нов адут за денешната реванш пресметка во баражот за пласман на СП 2023.

Иако селекцијата на Чави Пасквал загуби со осум гола разлика во Скопје, искусниот стратег упати дополнителен повик за Хавиер Хумет, шпански интернационалец кој има романски пасош. Тој игра на позицијата десен бек, а поради семејна трагедија не можеше да игра на првиот меч.

Сопругата на Хумет почина пред неколку дена, но тој сепак ќе смогне сили да одигра за Романија на денешниот дуел (17 часот) во Букурешт.

Македонскиот селектор Кире Лазаров ќе направи една измена во составот за денешниот меч. Ненад Костески ќе добие шанса и ќе треба да подели дел од минутажата со Гоце Георгиевски. Костески влегува на местото на Марко Митев.

Ракометната репрезентација на Македонија ќе настапи во состав: Митревски, Томовски, Стоилов, Лазаров, Ц. Кузманоски, Талески, Миркуловски, Маркоски, Ф. Кузмановски, Костески, Георгиевски, Ојлески, Младеновиќ, Пешевски, Јагуриновски, Атанасијевиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг