(ВИДЕО) Бојко Борисов пуштен од притвор: „Брутално, грозно, како во комунизмот. Вечеравме и ни влетаа дома...“

Точка

18/03/2022

20:35

10.932

Големина на фонт

а а а

Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, излезе вечерва од притвор, откако заврши 24 часовниот временски период во кој беше задржан во полиција.

„Ова е одвратно, брутално, нè вратија во комунизмот. Синоќа вечеравме со децата, кога влегоа униформирани лица и ми ја претресоа куќата. Ниту обвинение, ништо. На крајот откриле дека ништо не е пронајдено. И јас мислев дека си заминуваат, и рекоа ќе те задржиме. Не донесоа овде. Издржавме 24 часа“, изјави Борисов и додаде дека е загрижен дека следниот пат ќе го убијат.

Од притвор се ослободени и неговата портпаролка Севдалина Арнаудова и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов.

Posted by Boyko Borissov on Friday, 18 March 2022

Претходно денеска стана јасно дека бугарското МВР не побарало 30-дневен притвор за Борисов, а неговиот адвокат Менко Менков изјави дека не се преземаат никакви активности.

Од бугарската полицијата додаваат дека нивната операција била спроведена со целосно почитување на законот и лицата против кои се преземени процесни и истражни дејствија.