Бугарско обвинителство: Бојко Борисов е приведен поради наводни уцени

Точка

18/03/2022

19:01

8.031

Големина на фонт

а а а

Бугарската полиција го приведе екс-премиерот Бојко Борисов во рамките на истрагата за наводни уцени што датираат од 2014-та до 2019-та година.

Владеењето на Борисов заврши минатата пролет, кога тој изгуби на изборите. Остана лидер на централно-десничарската партија ГЕРБ.

Новата влада ја презема функцијата во декември, ветувајќи нулта толеранција за митото во Бугарија. Бугарија, инаку е рангирана како најкорумпирана членка на ЕУ.


Покрај Борисов, приведени биле и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и Севдалина Арнаудова.

Бугарското Министерство за внатрешни работи синоќа соопшти дека апсењата биле дел од операцијата поврзана со околу 120 истраги на Канцеларијата на Европското јавно обвинителство (ЕППО), кое истражува измами од големи размери со средства на ЕУ, во Бугарија.