Лазаров ги избра „воините“ за првата пресметка против Романија

Дерби

17/03/2022

14:49

20.822

Големина на фонт

а а а

Македонската ракометна сениорска репрезентација вечерва е домаќин на Романија во првата средба од првиот бараж за пласман на Светското првенство.

„Црвено-жолтите“ сакаа да го искористат домашниот терен и да остварат што подобар резултат пред реваншот во Букурешт. Нашиот селектор и воедно капитен, Кирил Лазаров веќе ги одбра момците на кои ќе смета за битката во СЦ „Борис Трајковски“ на која нема да го гледаме Мартин Серафимов кој отпадна за овој меч како и Ненад Костески, потоа Марко Стојковиќ, голманот Марко Кизиќ и Игор Ѓорѓиев.

Свое официјално деби за националниот тим може да има левиот бек, членот на Еурофарм Пелистер 2, Павле Атанасијевиќ.

Натпреварот започнува во 19 часот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг