Пасквал пред дуелот со Македонија: За ова се подготвуваме од септември

Дерби

17/03/2022

13:55

20.067

Големина на фонт

а а а

Вечерва од 19 часот се игра првиот бараж дуел меѓу Македонија и Романија во пласман на Светското првенство кое е закажано за наредната година.

Средбата се игра во СЦ „Борис Трајковски“ и истата е сериозен тест за нашиот национален тим по лошото Европско првенство на кое не се прославивме во групата заедно со Словенија, Црна Гора и Данска.

Меѓутоа ова е нов предизвик, шанса за победа, кревање на самодовербата, ама ќе мора да се внимава на противниот кој е предводен од легендарниот шпански струњак Чави Пасквал кој е оптимист дека може да се дојде до добар резулат во Скопје.

- Работиме напорно од септември и се подготвуваме за ова. Поголемиот дел од тимот веќе знае што да прави. Свесни сме колку тешко ќе биде против македонската репрезентација. Се работи за квалитетен тим, со големо искуство, но моите момци сакаат одлични резултати.

- Атмосферата во тимот е одлична, единствениот проблем е што имаме повредени играчи, па бев принуден да направам неколку ротации. Имаме решенија, и тоа е многу добро. Во Македонија не очекува пеколна атмосфера. се подготвувавме за тоа. Јасно ни е дека не можеме да одиме понатаму ако не направиме добар резултат во Скопје, - порача Пасквал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг