Од вечер значително поевтинување на гориватa, ова се цените

Точка

16/03/2022

19:03

8.828

Големина на фонт

а а а

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,95% во однос на одлуката од 15.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 5,00 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 6,00 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 5,50 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,550 денар/килограм и сега ќе изнесува 56,749 ден/кг.

Од вечерва, 00:01 часот, на 17.03.2022, цените на нафтените деривати ќе ги имаат следните цени:

- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 81,50 (денари/литар)

- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 83,50 (денари/литар)

- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 79,00 (денари/литар)

- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)

- Мазут М-1 НС 56,749 (денари/килограм)




Спонзорирани линкови

Маркетинг