Во гранатирање на зграда во Киев повредени најмалку две лица

Макфакс

16/03/2022

08:58

975

Големина на фонт

а а а

Станбена зграда од 12 ката во близина на центарот на Киев беше погодена од руско гранатирање рано во средата, предизвикувајќи пожари на неколку ката, се наведува во соопштението на Украинската државна служба за вонредни состојби, пренесува Си-Ен-Ен.

Зградата во областа Шевченко се наоѓа на само неколку километри од центарот на главниот град на Украина.

Првичните информации говорат дека во гранатирањето две лица се повредени. Спасувачите евакуирале 37 лица од зградата.

Во нападот е оштетена и соседна деветкатница, се додава во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг