Заменик-градоначалникот на Мариупол: Русите држат пациенти како заложници

Макфакс

15/03/2022

19:53

1.465

Големина на фонт

а а а

Заменик-градоначалникот на Мариупол, Сергеј Орлов, соопшти дека руските војници ги зеле како заложници персоналот и пациентите на болницата во Мариупол.

„Добивме информации дека руската армија ја зазела нашата најголема болница… и дека нашите пациенти и лекари се користат како заложници“, нагласи тој.

„Можеме да ја потврдиме оваа информација, а ја потврди и гувернерот на регионот Донецк. Добивме информација дека таму се 400 луѓе“, додаде Орлов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг