(Видео) Силни експлозии одекнаа утрово во Киев

Макфакс

15/03/2022

09:20

1.192

Големина на фонт

а а а

Од утрово во Киев одекнуваат експлозии. Според украинските медиуми, погодена е станбена зграда, а повредено е едно лице.

Пожарот избувнал на првите пет ката од 10-катница, нема загинати но има едно лице повредено и итно пренесено во болница, соопштија украинските служби.

„ Непријателот продолжува да го напаѓа Киев. Рано утрото гранати погодија неколку станбени згради – 2 високи згради во областа Свјатошински, 1 во Подилски. И една приватна куќа“.

„ Жртви има и во станбени згради. Останете во засолништата“ напиша Виталиј Кличко.



Спонзорирани линкови

Маркетинг