Том Брејди се враќа во НФЛ-лигата

Макфакс

14/03/2022

10:36

66.358

Големина на фонт

а а а

Том Брејди, според многумина најдобриот ковотербек на сите времиња, се враќа во НФЛ лигата. Брејди пред неколку недели објави крај на кариерата.

Том Брејди, на социјалните мрежи објави дека се враќа и дека ќе ја одигра својата 23.сезона во кариерата. И наредната сезона тој ќе игра за Тампа Беј Баканирс.

„Во текот на изминатите два месеци, ми стана јасно дека моето место не е на трибините туку на теренот. Ќе дојде времето кога ќе се пензионирам. Ги сакам моите соиграчи, го сакам моето семејство. Без нив ова немаше да биде возможно. Се враќам и ќе ја играм мојата 23.сезона во Тампа. Имаме незавршена работа“, напишал Брејди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг