На најстудениот и најветровит континент на светот пред 9 години бил снимен филм, а една година подоцна популарна група одржала концерт.
Најјужната точка на планетата и единствениот ненаселен континент Антарктик крие многу интересни, мистериозни предели. Се простира на повеќе од 14 милиони квадратни километри, што го прави петтиот најголем континент на светот.
1. Сувите долини на Антарктикот се најсушните места на планетата. Поради ниското ниво на влага на овој дел од континентот снегот и мразот не можат да опстанат.
2. Антарктикот е најветровито место на светот. Научниците кои ја истражуваат оваа јужна копнена маса пријавиле брзина на ветар која достигнувала и 200 милји на час.
3. На Антарктикот се наоѓа околу 90 проценти од слатководниот мраз на планетата и околу 70 проценти од слатката вода на светот.
4. Научниците тврдат дека, ако западниот антарктички леден слој се стопи, глобалното ниво на морето ќе порасне за околу 16 проценти.
5. Групата Металика одржала концерт на Антарктикот во 2013-та година и така станала единствената група која имала концерт на сите континенти.
6. Хорор филмот со наслов "South of Sanity" од 2012-та година е снимен на Антарктикот.
7. Уште една интересна географска карактеристика скриена под ледената плоча е езерото Восток, слатководно езеро закопано на 4 километри под мразот. Ова езеро е едно од 200-те различни водни тела кои се откриени под мразот.
8. Верувале или не, на Антарктикот еднаш годишно се одржува и маратон.
9. На Антарктикот се наоѓа планината Еребус - најјужниот активен вулкан на светот.
10. Постојат 30 различни земји кои управуваат со 80 истражувачки станици сместени ширум континентот.
11. Во јануари 1979-та година Емилио марко Палма станал првиот човек кој се родил на Антарктикот.
12. Сонцето не излегува на Антарктикот од пролетната рамноденица до есенската рамноденица, што значи дека континентот останува мрачен во текот на целата зимска сезона.
13. Просечната годишна температура на континентот пораснала во последните 60 години за 2,4 степени Целзиусови.
14. Тука живеат и голем број на различни видови на фоки, а меѓу најбројните се Веделовите фоки, фоките ракојади и морските леопарди.
15. Едно езеро на Антарктикот е толку солено што не може да замрзне, дури ни на температури од минус 15 степени.