(Видео) „Телма“: Владата ќе ја намали акцизата за горивата и ќе го укине ДДВ-то за храна, струја и парно?

Точка

08/03/2022

21:19

6.091

Големина на фонт

а а а

Намалувањето на акцизата за горивата, како што неофицијално објави ТВ Телма, би било за 30 отсто, иако се разгледувале и сценарија за намалување за 10 или 20 отсто.

Владата на РМ се подготвува утре да објави две значајни мерки за ублажување на ценовните шокови, а во игра е намалување на дел од акцизата за нафтените деривати, како и укинување на ДДВ за одредени прехранбени производи, објави вечерва телевизија Телма во емисијата „Топ тема“.

Намалувањето на акцизата за горивата, како што објави Телма, би било за 30 отсто, иако се разгледувале и сценарија за намалување за 10 и 20 отсто.

Втората мерка се однесува на укинување на данокот на додедена вредност (ДДВ) за конкретна ограничена листа на прехранбени продукти, како и за струјата и за парното.