Германски министер енергично против ембарго: „Во тој случај следи тешка криза во Европа, треба да се предочи што значи тоа“

Точка

08/03/2022

20:46

4.288

Големина на фонт

а а а

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, предупредил на тешките последици по економијата во Европа во случај на воведување на ембарго на увозот на руски гас и нафта.

„Во случај на ембарго зборуваме за тешка економска криза во Германија и Европа“, рекол германскиот министер за економија Роберт Хабек во разговор за "RTL".

Тој истакнал дека и самото укажување на можноста за воведување на ембарго на увозот на руската нафта и гас во понеделникот за 50 проценти ја поскапело цената на светските пазари. Хабек предупредил дека во случај на ембарго цената на нафтата бил пораснала долгорочно, а не на неколку часа.


„Ние не зборуваме за краткорочно рокови на цените, туку на трајно високи цени на фосилните горова. Мислам дека на сите треба да им се предочи што всушност тоа значи“, рекол Хабек.

Германскиот министер за економија вели дека во тој случај не би се работело само за "штедливо однесување", туку за стечај на бројни претпријатија и пораст на невработеноста.


„А тоа треба да се издржи. Ние не зборуваме за три дена или три недели, зборуваме за три години, вели Хабек.

Тој рекол дека ембаргото, за кое се погласно зборуваат САД, за Европа не доаѓа во предвид и дека САД се свесни за тоа.


„САД само 7,5 проценти од својата нафта ја увезува од Русија, во Германија зборуваме за 35 проценти. Ситуацијат ане може да се споредува“, рекол Хабек.

На почетокот на неделата и германскиот канцелар Олаф Шолц рекол дека воведувањето на ембарго на увоз на руски гас и нафта за Германија не е опција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг