Се огласи Путин: „Немаме злобни намери против соседите“

Точка

04/03/2022

12:30

2.879

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија порачал дека земјата која ја води нема злобни намери кон соседите.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска се обратил преку видео линк, при церемонија на кревање на знамиња, на фериботот "Маршал Рокосвски".

Путин рекол дека Русија нема злобни намери кон соседите.


Зборувајќи за руската специјална операција која е во тек во Украина, Путин нагласил дека Русија одговара само на "негативни акции на други земји", пренесува "Telegraf".

Потврдил дека денеска разговарал со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Потсетуваме, Лукашенко денеска изјавил дека разговарал со Путин за ситуацијата во Украина. Нивниот разговор траел два часа.