Поради Путин побарувачката за таблетите кои штитат од радијација сè поголема - кардиолог објаснува дали се ефикасни

Точка

03/03/2022

13:11

13.739

Големина на фонт

а а а

Аптеките во Австрија останале без калиум-јодид, кој штити од таложење на радиоактивниот јод, додека пак во Хрватска исто така има голема побарувачка за овие таблети поради страв од нуклеарен напад како последица на актуелната украинско-руска војна.

Меѓутоа, според зборовите на специјалистот кардиолог Марија Здравковиќ, калиум-јодидот не би бил доволен во случај на изложување на радиоактивност.

„Тоа е препарат кој се дава при акутно изложување на радијација поради спречување на врзување на радиоактивните честитки, односно радиоактивниот јод за ткивото на штитната жлезда. Јасно е дека во случај на било какво изложување на радиоактивност, калиум-јодидот не би бил доволен затоа што и другите елементи влегуваат во телото, пред сè стронциум, радиоактивни честички“, изјавила докторката, пренесува „б92“.


„Многу е комплексно дејството на радиоактивности на телото. Имаме хроничен и акутен ефект, но апсолутно не треба да хистеризирате и да имате страв од радиоактивен удар. Тоа не носи ништо добро“, изјавила д-р Здравковиќ и истакнала дека секако последиците од изложување на радиоактивност се големи.

„Многу влијае на психичкото здравје и на состојбата на срцето, доведува до зголемен ризик од заболувања од кои и ден-денес заболуваат голем број од луѓето низ цел свет, а тоа најчесто се кардиоваскуларните болести“, заклучила докторката.