Легендарниот боксер испрати моќна порака: „Доколку се вмешаат тие јас и мојот татко ќе бидеме први кои ќе се борат за Украина“

Точка

02/03/2022

20:09

74.207

Големина на фонт

а а а

Двократниот светски шампион во бокс, Тајсон Фјури, порача дека само под еден услов ќе отпатува во Украина за да ја брани таа држава од нападите на Русија.

Тајсон Фјури ја најави наредната борба против Дилијан Вајт која е закажана за 23 април на Вембли, а на конференцијата за новинари доби прашање да ја прокоментира ситуацијата во Украина и фактот што браќата Кличко, легендарните Виталиј и Владимир, како и Олександ Усик, се подготвени да војуваат за Украина.


Фјури изјави дека заедно со пријателите, но и татко си би се пријавил за заминување во Украина доколку се замешаат САД или пак Велика Британија.

„Знаете, тоа е фантастично. Ќе бидам првиот кој ќе се пријави доколку Велика Британија или Америка се вмешаат. Ќе бидам прв во редот за војната. Мојот татко исто така, и сите момци. Сите ќе се пријавиме за одбрана. Доколку сте од таа земја, доколку живеете во неа, бранете ја! Сакајте ја вашата сопруга и борете се за вашата земја. Тоа имам да го кажам“, порачал Фјури и добил големо ракоплескање од сите присутни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг