Ова е земја на најсреќните луѓе на светот – задоволството им е загарантирано со устав

Точка

23/02/2022

18:48

40.858

Големина на фонт

а а а

Сместено на источната падина на Хималаите помеѓу Кина и Индија, Кралството Бутан е познато во светот како место на кое живеат среќни луѓе.

Имено, бројни истражувања спроведени на подрачјето на Бутан покажуваат дека над 90 отсто од населението се чувствува среќно.

Дури и во пописот на населението постои колона во која можете да наведете дали сте задоволни од вашиот живот или не.


Тешко е да се замисли дека толку мала земја во планините на Хималаите, до која се стигнува само со два авиони, е „најсреќната земја“ на светот и има еден од најбрзо растечките БДП.

Бутан е последното постоечко будистичко кралство и има зачувано голем дел од својата култура од 17-ти век, избегнувајќи ја глобализацијата и останувајќи изолирано од светот. Бутан дозволува само одреден број странци да влезат во земјата секоја година, а 200-те долари дневно што секој патник треба да ги плати одвраќа многумина од посета на оваа земја.


Интернетот, телевизијата и западната облека беа забранети во земјата до пред 10 години, но во текот на изминатата деценија, глобализацијата влијаеше и на Бутан. Меѓутоа, во таа земја и понатаму сè е совршено избалансирано.

Бутан е единствената земја во светот која има индекс на среќа – „GNH“ (Gross National Happiness Index). Можеби мислите дека „GNH“ е само уште еден статистички заснован термин без примена во реалниот живот, но тој се однесува на „бруто национална среќа“.

Процесот на мерење на „GNH“ започна кога Бутан се отвори за глобализацијата и со овој индекс се мери квалитетот на животот на луѓето и гарантира дека „материјалниот и духовниот развој се случуваат заедно“.


Бутан мери 9 клучни области на среќа на секои 5 години – психолошка благосостојба, здравје, образование, добро управување, екологија, користење на времето, виталност на заедницата, култура и животни стандарди.

Ова кралство има направено неверојатна работа во пронаоѓање на таа рамнотежа и постојано е рангирано како најсреќна земја во цела Азија и 8-ма најсреќна земја во светот според „Business Week“.