Тајсон за смртта на својата мајка: „Тоа беше една од најдобрите работи кои ми се случиле“

Точка

22/02/2022

17:34

69.539

Големина на фонт

а а а

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон во интервју за „ShayShay Club“ зборувал за тешкото детство и ја споменал и смртта на својата мајка.

Познато е дека Тајсон имал многу тешко детство, а одговорите на прашањата за неговата мајка прилично ги шокираше фановите на боксерот.

„Знаете, една од најдобрите работи кои ми се случиле е смртта на мојата мајка. Во спротивно би бил бебе, никогаш не би учествувал во улична тепачка, не би научил да се борам за себе. Таа направи многу, секогаш доаѓаше во полициски станици за да ме извади. Ме тепаше пред полицијата. Ме сакаше, но беше и агресивна“, изјавил Тајсон и продолжил:

„Никогаш не го среди својот живот, никогаш не работеше. Не се плашеше да ме истепа, да ме удри со што било. Многу пиеше алкохол и имаше многу момчиња. Некогаш нејзиното момче доаѓаше пијано, а јас им ги сечев џебовите и им ги крадев парите“.

Иако е веќе во „сериозни години“, „Железниот Мајк“ во 2020 година се врати во рингот за егзибицискиот меч против Рој Џонс Џуниор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг