Британците го загубија среброто на 4х100 метри од Токио по позитивниот тест

Макфакс

18/02/2022

20:39

66.556

Големина на фонт

а а а

Велика Британија го загуби сребрениот медал од штафетата 4х100 метри од минатогодишната Олимпијада во Токио, откако нивниот тркач Си Џеј Уџа доби суспензија поради допинг-прекршок.

Британците загубија од Италија во драматично финале во Јапонија, но Уџа имал позитивен тест на остарин и С-23 по трката на 6 август, по што Судот за арбитража во спортот (ЦАС) оцени дека тој направил прекршок и покрај тоа што го прифати неговото објаснување за позитивниот тест.

Оваа одлука значи дека Канада наместо бронзениот медал ќе го добие среброто, додека Кина скокнува од четвртото место на позиција на бронза.

Ова е третпат во британската историја да загубат медал поради допинг, по алпскиот скијач Алан Бакстер во 2002 година и џудистката Керит Браун во 1988 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг